Утрински Весник
Култура
300x250 opst2

Шест добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“

Шест добитници  на наградата „Македонска книжевна авангарда“
Img 7972

Добитници на наградата “Македонска книжевна авангарда” за книги објавени во минатата година се: Славица Гаџова Свидерска за книгата “Политики на стравот”, Бистра Кумбароска за книгата “Скршена, кршлива и други начини да се стане цела”, Огнен Неделковски за книгата “Ловци на лажни вести од зграда 39”, Марија Ралповска за книгата “Сенки во подземјето” и Ана Стојаноска за книгата “Лебед”.

Селектор на најдобрите дела беше проф.д-р Христо Петрески, а на Конкурсот за наградата “Македонска книжевна авангарда” пристигнаа вкупно 17 објавени книжевни остварувања.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија презент” од Скопје, а се доделува за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена во 2021 година.

Досегашни добитници на наградата се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтеска, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска – Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска – Станоеска.

Текстот Шест добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“