Утрински Весник
Свет

Шест деца завршија на Токсикологија во Загреб, едното испило литар водка

Шест деца завршија на Токсикологија во Загреб, едното испило литар водка

Четиринаесетгодишно момче во Загреб испило еден литар водка за време на прославата на последниот ден на училиште, по што завршило во болница, јавија денеска хрватските медиуми.

Тој бил пренесен во болница во многу сериозна состојба. Покрај него, уште пет други деца биле примени во болница поради алкохолна интоксикација, објави порталот Индекс.хр.

Според зборовите на директорот на болницата во Клаишева, момчето денеска е подобро.

„ Вчера беа примени вкупно шест деца со интоксикација со етил алкохол. Сè е добро, четворица од нив се пуштени дома. Во тек е отпуст и нд адругите двајца“ изјави Горан Роиќ, директор на болницата за порталот ХРТ, додавајќи дека токсиколошките наоди за дрога кај малолетниците се негативни.

Можете да прочитате

Иран: Хормуз останува затворен сè додека траат заканите од САД

Москва: Напади врз воени цели во Киев, Лвов и пет други региони

Неидентификуван објект падна во Полска и предизвика силна експлозија