Утрински Весник
Магазин

Шерон Стоун не била свесна дека фамозната сцена од „Основен инстинкт“ ќе стане еротска

Шерон Стоун не била свесна дека фамозната сцена од „Основен инстинкт“ ќе стане еротска

Шерон Стоун вели дека била изиграна да не ја носи својата долна облека во познатата сцена на „Основен инстинкт“.

Во филмот од 1992 година Стоун ја глумеше Кетрин Трамел, а во една сцена може да се види како ја експонира својата интимна регија додека ги прекрстува нозете пред ликот на Мајкл Даглас, детективот Ник Куран, и другите полицајци додека ја испрашуваат среде истрага за убиство.

Една од најсексапилните холивудски актерки која одлично ги носи своите 63 години, откри дека член на продуцентскиот тим ја замолил да ги соблече гаќите за да не се гледаат на камерата и ја убедил дека ништо нема да се гледа на филмот.

Во извадок од нејзините мемоари The Beauty of Living Twice споделен преку „Венити фер“, Шерон пишува: „За прв пат ја видов снимката на вагината долго време откако ми беше кажано:Не можеме да видиме ништо. Треба да ги тргнеш гаќичките, бидејќи белото ја рефлектира светлината, па затоа знаеме дека имаш гаќички.

„Кога видов како изгледа, се почувствував изневерено. Станав и му удрив шлаканица на режисерот Пол Верховен. Сцената беше добра, но требаше да ме предупреди. Тоа беше доказ дека нема почит кон мене.“

„Излегов од студиото и го побарав мојот адвокат Марти Сингер за да ги разгледаме опциите“.

На крајот, холивудската sвезда одлучи да ја дозволи сцената.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 март 2026

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

Млада Месечина во Риби на 18 март