Утрински Весник
Магазин

Шери Озборн му порача на Канје Вест да не се фали за финансискиот успех на сопругата среде пандемија

Шери Озборн му порача на Канје Вест да не се фали за финансискиот успех на сопругата среде пандемија

ТВ-sвездата Шерон Озборн го искритикува раперот Канје Вест затоа што на социјалните мрежи се фали за статусот милијардерка на сопругата Ким Кардашијан Вест среде пандемија на коронавирус, опишувајќи го неговиот став како „груб“.

Запрашана за коментарите на Канје, Шерон изјави за The Talk: „Не е вистинско време да го покажете вашето богатство, но, некои луѓе го прават токму тоа.

„Никогаш не ме интересирало богатството, без разлика дали има пандемија или не. Не верувам во такви приказни и не сакам кога кога луѓето самите се фалат со нивниот финансиски успех.

„Имаше време во Холивуд кога луѓето не зборуваа за тоа. Ова е едноставно грубо“.

Канје неодамна на Твитер објави дека е горд на новиот статус на својата сопруга, откако имотот ѝ беше проценет над една милијарда американски долари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Негодувања па овации за настапот на израелската претставничка Голан во Малме

Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евросонг

Диететичарка тврди дека едноставна навика го забрзува слабеењето