Утрински Весник
Македонија

Шекеринска на состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Шекеринска на Конференцијата за европска безбедност во Минхен

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата.

– Северна Македонија по добивањето на поканата за членство на почетокот на минатата година, во континуитет активно учествува на сите состаноци на Северноатлантскиот совет на Алијансата.

Парламентот на Северна Македонија го изгласа Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, а по завршувањето на последниот процес за ратификација во шпанскиот парламент, нашата држава ќе има и право на глас за сите одлуки кои се носат во НАТО, а се однесуваат на мирот, безбедноста и стабилноста во глобални рамки, се вели во соопштението од МО.

Шекеринска во Брисел ќе учествува и на состанокот посветен на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе има и повеќе средби и состаноци со министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработени во УЈП ќе треба да враќаат пари зашто со незаконски склучени договори земале поголема плата

СДСМ: Откако родителите набавија школски прибор, Мицкоски ќе ги замрзувал цените на моливите

Oдложен утрешниот протест пред Здружението на пензионери во Скопје