Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Десет дена пред нападот во Собранието ѝ читав приказна на ќерката на Дурловски

Шекеринска: Десет дена пред нападот во Собранието ѝ читав приказна на ќерката на Дурловски

Десетина дена пред настаните во Собранието, Шекеринска им читала приказна на својата ќерка и ќерката на нејзиниот противкандидат, Игор Дурловски. Ова го истакна таа вечерва од Битола.

Таа пред насобраните Битолчани зборуваше за тоа како ќе го погледне Дурловски, што испратил луѓе да ги убијат.

„Си реков, ако дојде, во него нема да ја гледам ни мојата крвава расцепена глава, ни неговите раце извалкани со крв, туку ќе ги гледам мојата и неговата ќерка на кои десетина дена пред тоа ми седеа во скутот и им читав приказна“, рече Шекеринска.

Тие, нашите деца заслужуваат повеќе, заслужуваат повеќе од нас, заслужуваат дбрина не насилство, заслужуваат човечност а не одмазда, додаде Шекеринска.

Од завршната трибина таа порача граѓаните да гласаат на 15 јули за работи кои ќе ја диктираат и ќе ја напишат истроијата за децата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови