Утрински Весник
Македонија

Шекеринска во посета на касарната во Куманово наменета за Командата на Бригадата на ЈИЕ

Шекеринска во посета на касарната во Куманово наменета за Командата на Бригадата на ЈИЕ

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе изврши увид во активностите што се изведуваат на објектот во касарната „Боро Менков“ во Куманово наменет за Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.

Во објектот во Куманово во изминатиов период се врши комплетна реконструкција и адаптација со цел непречено функционирање на командниот тим во наредните шест години.

Од август годинава, земјава ќе биде домаќин на седиштето на Командата на SEEBRIG – Бригада на Југоисточна Европа.

SEEBRIG претставува најзначаен и најкомплексен проект во регионалната Иницијатива за соработка на Југоисточна Европа на полето на одбраната. Бригадата е формирана во 1999 година со претходно потпишување на договор во Скопје од страна на министрите за одбрана на нашата земја, Грција, Турција, Романија, Бугарија и Албанија. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Владината реконструкција е доказ дека нема да има предвремени избори

Сали: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е тешка политичка одлука

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Циклон од Турција ни носи силно невреме