Утрински Весник
Македонија

Шеесет единици крв собрани во крводарителска акција во тетовската касарна

Во Куманово лани благо намалување на собраните крвни единици во однос на претходните години

Тетово, 20 февруари 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центар за Трансфузиона Медицина од Тетово организираа крводарителска акција во касарната на АРМ во градот „Кузман Јосифоски Питу“. Крв имаа можност да даруваат вработените и припадници на АРМ.

-Вкупно 60 единици крв се собрани од вработените и припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Задоволни сме од одѕивот, акцијата беше еднодневна и траеше од 9 до 14 часот, информира Шклќим Мурати, секретар на тетовскиот Црвен крст.

Следната акција на Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина е планирана за во месец март во средното стручното училиште „Моша Пијаде“ Тетово. ас/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Првите македонски државјани евакуирани од Израел пристигнаа во Скопје

Филипче: Предвремени избори ќе има, власта нема да знае каде да избега!

Почина поранешниот пратеник Благојче Трпевски