Утрински Весник
Свет

Шведска со нови мерки – бројот на заразени секојдневно расте

Шведска со нови мерки – бројот на заразени секојдневно расте

Шведска ќе воведе дополнителни мерки за борба против зголемениот број случаи на Ковид-19 и зголемениот притисок врз здравствениот систем, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

– Ситуацијата несомнено е влошена. Нивото на зараза во Шведска е највисоко до сега – изјави Андерсон на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Новите мерки вклучуваат работа од дома каде што е можно, ограничено работно време за барови и ресторани и ограничен број луѓе на јавни настани.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон