Утрински Весник
Свет

Шведска првпат ги затвора границите

Шведска првпат ги затвора границите

Шведска нема да дозволи влез на странски државјани од Велика Британија и од Данска поради појавата на новиот мутиран вид коронавирус во тие земји. Ова е првпат од почетокот на пандемијата Шведска да ги затвори своите граници.

Повеќе од 40 земји досега забранија влез на британски граѓани.

„Со цел да се намали ризикот од ширење на овој вирус во Шведска, Владата донесе одлука денес да забрани влез на патници од Велика Британија и од Данска“, рече министерот за внатрешни работи, Микаел Дамберг.

Забраната стапува на сила на полноќ. Покрај тоа, Шведска ќе ги прекине сите летови од Велика Британија на 48 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите