Утрински Весник
Свет

Шведската принцеза Викторија повторно заразена со корона

Шведската принцеза Викторија повторно заразена со корона

Шведската принцеза Викторија е позитивна на коронавирус и има благи симптоми, соопшти денеска кралскиот двор.

Викторија е ревакцинирана, а кралскиот двор посочи дека принцезата, која еднаш веќе имаше Ковид-19, е во самоизолација со своето семејство, објави „Ројтерс“.

Претходно оваа недела, нејзините родители, кралот и кралицата на Шведска, исто така беа позитивни на тестот за корона.

„Кралот и кралицата, кои се целосно вакцинирани со три дози, имаат благи симптоми и се чувствуваат добро, со оглед на околностите“, соопштија од палатата пред неколку дена.

Кралската палата во Стокхолм претходно објави дека кралот Карл XVI Густав (75) и кралицата Силвија (78) се во самоизолација и дека се работи на пронаоѓање на луѓето со кои биле во контакт.

Можете да прочитате

Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош се дистрибуирани минатата недела во Газа, според Израелска агенција за координирање помош

Поранешниот премиер на Чад осуден на 20 години затвор за поттикнување насилство

Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска