Утрински Весник
Свет

Шведската полиција деактивираше експлозивна направа оставена во торба во парк

Шведската полиција деактивираше експлозивна направа пронајдена во центарот на Стокхолм доцна вечерта во неделата, изјави портпаролот на полицијата.

dobivaj vesti na viber

Експлозивна направа била пронајдена во торба во парк во центарот на Стокхолм. Паркот е едно од местата во главниот град каде што се одржува годишниот фестивал на културата. Годинава беше организиран помеѓу 17 и 21 август.

„Полицијата процени дека во чантата пронајдена во неделата во Кунгстрадгарден имало експлозив“, се вели во полициското соопштение.

„Областа беше привремено затворена, а бомбата беше деактивирана и отстранета од торбата. Властите спроведоа форензичка истрага утрово, соопшти полицијата.

„Сега ќе се проучат сите елементи на истрагата. Дури по целосно испитување во националниот форензички центар ќе можеме со сигурност да кажеме дали опасниот предмет бил употреблив“, изјави началникот на полицијата Ерик Акерлунд.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите