Утрински Весник
Свет

Шведската влада побара нов закон за воведување посилни мерки

Шведската влада побара нов закон за воведување посилни мерки
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шведската влада предложи нов закон со кој ќе се дадат поголеми овластувања за борба против пандемијата на коронавирусот.

Новиот закон ќе и даде на владата слобода околу спроведувањето на рестриктивни мерки, како што се затворање на трговски центри и спортски сали.

Законот најпрво ќе им биде презентиран на релевантните засегнати страни, пред да биде изгласан во парламентот, а спроведувањето на законот би можело да започне на 15 март и да биде на сила околу една година, се вели во соопштението на владејачката коалиција, пренесува „Ројтерс“.

Вториот бран на пандемијата ја погоди скандинавската земја до тој степен што беа забележани негативни дневни рекорди, додека бројот на хоспитализирани лица и починати скокна во претходните два месеци.

Предлог-законот наведува дека владата ќе има поголема можност да ги следи и утврдува мерките за борба против пандемијата, како што се ограничување на луѓето, одредување на работно време во продавниците, но и целосно затворање во краен случај.

„Сепак, затворањето е многу наметлива мерка. Таквата одлука треба да биде предмет на дискусија во парламентот“, рече министерката за социјални работи, Лена Халенгрен.

Шведскиот закон не и ’дозволува на владата да спроведе драконски мерки, како што е целосно затворање на економијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми