Утрински Весник
Свет

Швајцарија ги наградува граѓаните кои убедиле други да се вакцинираат против ковид

Швајцарија ги наградува граѓаните кои убедиле други да се вакцинираат против ковид

Швајцарија нуди ваучери за подарок на луѓето кои што ги убедуваат другите да се вакцинираат против Ковид-19, објави вчера швајцарската влада.

Од секое ново вакцинирано лице ќе биде побарано да именува едно лице што го убедило да се вакцинира, за да биде наградено со ваучер во вредност од 53 долари, пишува АП.

Локалните власти ќе одлучат каде може да се користи ваучерот, на пример во кината или рестораните, се наведува во соопштението.

„ Секој може да помогне да се убеди пријател, сосед, соработник или член на семејството за придобивките од вакцинацијата. Оваа соработка на населението треба да се награди“ објави владата.

Швајцарија има една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа, со само 58 проценти од целосно вакцинирани луѓе од население од 8,7 милиони.

Швајцарија и соседното кнежество Лихтенштајн објавија повеќе од 840.000 случаи на коронавирус со 10,713 смртни случаи.

Можете да прочитате

Вонредна состојба во Њујорк – 24info.mk

Уапсен поранешен британски дипломат поради блиски врски со Епстин

Калас: ЕУ не усвои нови санкции кон Русија и не одобри заем за Украина поради Унгарија