Утрински Весник
Свет

Швајцарија ги затвора продавниците, ски – центрите остануваат отворени

Швајцарија ги затвора продавниците, ски – центрите остануваат отворени

Швајцарија во понеделник ќе ги затвори сите продавници, освен оние кои се неопходни, објави денеска владата, која се двоуми да примени построги мерки со недели.

Владата, исто така, препорачува да се работи од дома, а рестораните, спортски салите и културните објекти ќе останат затворени уште пет недели, до крајот на февруари.

И покрај новите и проширени ограничувања, повеќето швајцарски училишта и скијачки центри остануваат отворени.

Федералната канцеларија за јавно здравје денеска забележа 3.001 нов случај на коронавирус.

Бројот на заразени на 100.000 луѓе во текот на 14 дена изнесува 477,5 – далеку повеќе од 155 во соседна Германија.

Швајцарија очекува трет бран во февруари поради новиот, позаразен вид на вирусот кој се шири од Велика Британија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати