Утрински Весник
Свет

Швајацарија од понеделник ги заострува мерките – работа од дома, ограничувања и на домашните собири

Швајацарија од понеделник ги заострува мерките – работа од дома, ограничувања и на домашните собири

Швајцарија од понеделник ќе ги заостри рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

Според најавите, од вработените ќе се бара да работат од дома, а влезот во затворени простории ќе биде ограничен.

Новите мерки, кои ќе бидат во сила до 24 јануари, ќе бараат доказ за вакцинација или за прележан вирус, за влезе во многу затворени простории, вклучително и ресторани, пренесува „Ројтерс“.

Посетителите на дискотеките и баровите ќе мора да испратат негативен тест за коронавирус, бидејќи луѓето таму имаат помала веројатност да носат маски, пишува „Гардијан“.

Според новите мерки, луѓето ќе работат од дома, а приватните собири ќе бидат ограничени на десет лица, доколку некој од присутните на возраст над 16 години не бил вакциниран или не се заразил со коронавирусот.

Швајцарската влада, исто така, објави дека нарачала седум милиони дози од компаниите „Модерна“ и „Фајзер и Бионтек“ за втората половина на 2022 година со цел да ги зголеми залихите на вакцини на 34 милиони.

Повеќе од 1,1 милион случаи на коронавирус се регистрирани во Швајцарија од почетокот на пандемијата, а 11.951 лице починале, покажуваат податоците на веб-страницата Worldometers.

Можете да прочитате

Израелски министри бараат анексија на Западниот Брег по признавањето на државата Палестина

НАТО ловци повторно подигнати поради руски воен авион над Балтичко Море

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел