Утрински Весник
Магазин

Шварценегер супер фит на 73 години

Шварценегер супер фит на 73 години

Арнолд Шварценегер во средата наутро повторно излезе на улиците на Лос Анџелес, Клаифорнија, на едно од своите редовни возења велосипед.

Додека 73-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија крстари со својот електричен велосипед вреден 5.000 долари, тој е облечен во тренди спортска опрема од глава до петици.

Тој секогаш се придржува на анти-корона мерките, и секогаш носи заштитна маска на лицето за неговото омилено хоби.

Таткото на пет возрасни деца го комплетира својот аутфит со светлозелена пуф-јакна,темносина маица, црни долни тренирки и ретро очила за сонце.

Два дена пред немирите во Вашингтон, Шварценегер упати остри критики кон пратениците кои планираат да гласаат против победата на Бајден. „Нема прашање за тоа кој победи на претседателските избори, а продолжувањето на оваа шарада е глупаво, лудо и злобно“, напиша тој во лута објава за списанието „Економист“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дали кафето го покачува крвниот притисок?

Зошто третиот понеделник во јануари се смета за најтежок ден во годината?

Среќата конечно тропа на вратата на овие три хороскопски знаци