Утрински Весник
Магазин

Шварценегер се враќа во градинка да обучува мали суперхерои

Шварценегер се враќа во градинка да обучува мали суперхерои
Dik 300x250 mk

Арнолд Шварценегер треба да се врати назад во училница во градинка – овој пат во анимиран размер.

73-годишната ѕвезда на „Полицаецот од градинката“ (1990) го најави својот нов проект – еден од последните концепти што произлегоа од умот на покојната легенда на стрипот Стен Ли.

Станува збор за серија цртани филмови за деца под наслов Superhero Kindergarten („Градинка за суперхерои“).

Подготвен да го води проектот како поранешен суперхерој а сега учител кој има за задача да ја обучува следната генерација суперхерои, Арнолд твитна дека е многу возбуден пред премиерата на 23 април.

„За четири дена конечно можете да видите на што работев! Едвај чекам да му ја покажам на светот градинката за суперхерои. Овој петок на kartoonchannel.com “, напиша тој во најавата на Твитер.

Можете да прочитате

Објавен трејлерот за „Врисок 7“

Макало со грав и суви пиперки

Девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари