Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Шварценегер доби зелено светло за неговата прва ТВ-серија

Шварценегер доби зелено светло за неговата прва ТВ-серија
300x250 opst2

Тој се враќа во акција со возбудлива нова улога.

Арнолд Шварценегер доби зелено светло за првпат да се појави во телевизиска серија, додека се подготвува да глуми во проект на „Нетфликс“ за глобална шпионажа.

Арнолд (73) и Моника Барбаро (30) ќе го портретираат дуото татко-ќерка во сеуште ненасловената серија, за која стримиг-гигантот нарача осум епизоди откако ги откупи правата.

„Фановите од целиот свет со години бараа нешто вакво, диво и возбудлово, а сега конечно ќе го добијат тоа благодарение на нашите големи партнери во Skydance и Netflix “, изјави Шварценегер.

Шварценегер и Барбаро ќе глумат татко и ќерка, кои и двајцата работат за ЦИА, не знаејќи за другиот, пишува „Холивуд репортер“.

Sвездата на „Терминатор’ и поранешен гувернер на Калифорнија е исто така извршен продуцент на серијата, што ќе обележи негова прва улога во серија.

Можете да прочитате

Зошто нашите зглобови болат кога се менува времето? Што вели науката?

Се најавува голема добивка: 3 хороскопски знака ќе уживаат во финансиски придобивки до 23 октомври

Овие овошја се клучот за одмор на вашите црева во организмот