Утрински Весник
Магазин

Шварценегер ги изненади колегите од „Полицаец од градинката“ појавувајќи се на нивната онлајн дружба

Шварценегер ги изненади колегите од „Полицаец од градинката“ појавувајќи се на нивната онлајн дружба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Арнолд Шварценегер им приреди посебно изненадување на своите колеги од блокбастерот „Полицаец од градинката“ од 1990 година, кога ненајавено упадна на нивниот „Зум“ или онлајн средба по повод 30-годишнината на филмот.

73-годишниот актер и поранешен политичар се појави на повеќе од половина од разговорот во понеделникот, на кој учествуваа седум од поранешните детски sвезди. Неговите колеги актери беа видно изненадени кога легендарниот акционен херој се појави на дното на нивните екрани.

„Ова е најкул изненадување, никогаш не би го очекувале ова. Навистина е добро да ве слушнам “, рече Мико Хјуз кога Арнолд се појави на екранот.

Sвездата на „Терминатор“ се отвори прашувајќи ги другите учесници како се и што има ново во нивниот живот. Тој исто така рече дека планира средба во живо во неговиот дом откако пандемијата ќе се смири доволно за да може да биде безбедно.

Во „Полицаец од градинката“, Шварци играше детектив на полицијата во Лос Анџелес , кој се крие како учител во градинка, со цел да најде сведок кој може да сведочи против дилер на дрога и убиец.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk