Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Реорганизацијата на државната администрација е наш приоритет

Шаќири: Реорганизацијата на државната администрација е наш приоритет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денес учествуваше и им се обрати на работните групи на семинарот за Реорганизација на државна администрација и менаџмент на промени и семинарот за ефикасност на јавните институции.

Учесници на овие два семинари беа претставници од сите министерства и странски и домашни експерти вклучени во овој важен проект.

„Ние сме решени да го однесеме овој проект напред, да ја оптимизираме целокупната институционална рамка, да ја подобриме испораката на јавните услуги, да ги зајакнуваме етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, и меѓу друго да спроведуваме функционална анализа и да донесуваме нов Закон за организација на органите на државната управа” истакна министерот Шаќири.

На состанокот министерот спомна дека без реорганизација на органите на државната управа и елиминирање на преклопувањата на надлежностите не постои вистинска реформа на јавната администрација.

„Заложбите не Владата на Република Северна Македонија се во насока на интеграција на државата во Европската унија, а ова зависи од капацитетот на јавната администрација да го транспонира европското законодавство и да обезбеди соодветна примена”, рече министерот Шаќири.

На крајот на говорот министерот истакна дека имплементацијата на препораките е од особена важност, не само за самиот процес туку и за идните трансформации во институциите.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“