Утрински Весник
Македонија

Шаќири и Адеми: Образованието треба да ги пресретне брзите промени на современите текови

Шаќири и Адеми: Образованието треба да ги пресретне брзите промени на современите текови

Образованието треба да биде визионерско, тоа од нас го бараат сегашните генерации кои ќе бидат граѓани на иднината. Заложбите за образование кое ќе ги пресретне, прифати и примени брзите научно-технолошки иновации и промени ни се заеднички, се согласија актуелниот министер за образование и наука Јетон Шаќири и поранешниот Арбер Адеми.

На денешната средба, на која присуствуваше и Еркан Арифи, градоначалникот на Липково, се разговараше за активностите кои претстојат пред Министерството за образование и наука како и за капиталните инвестиции во образовната инфраструктура.

Адеми, кој е актуелен пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ, нагласи дека посебно го радува што министерот Шаќири продолжува со промовирањето на средното стручно образование, активност што заедно со Владата почна во неговиот мандат. Тој изрази подготвеност да му помогне на министерството во процесите на јакнење на дуалното образование, затоа што квалификувањето на младите за полесно вклучување на пазарот на труд е од исклучителна важност.

Двајцата соговорници разговараа и за реформите во основното образование и важноста од продолжувањето на процесите за осовременување на наставните програми како и за унапредувањето на процесот на инклузија.

Можете да прочитате

Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски

Царинска управа: Уште шест кривични за девет лица до ЈО заради криминал со употребувани возила и глисери

Лефков: Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?