Утрински Весник
Македонија

Шахпаска – Чупи: Проектите за поголема вклученост на децата Роми во предучилишниот образовен процес има големо значење

Шахпаска – Чупи: Проектите за поголема вклученост на децата Роми во предучилишниот образовен процес има големо значење

Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со Реџепали Чупи, директор на Ромскиот едукативен фонд со седиште во Белград, на која разговараа за досегашните и тековни проекти на кои работи Фондот, со цел поголема инклузија на Ромите во општествениот живот преку помош и поддршка во образовниот и предучилишниот процес.

Од страна на директорот на РЕФ,Чупи беше посочено дека Ромскиот едукативен фонд има претставништа во 16 држави од Југоисточна Европа, а во нашата држава работи на два главни и многу значајни проекти. Тоа се стипендирање на деца средношколци Роми и проектот за бесплатно вклучување на деца Роми во предучилишно образование, проект реализиран од страна на МТСП во соработка со 18 единици на локална самоуправа.
Овие проекти се имплементираат од 2006 година и секоја година се вклучуваат 350-400 деца Роми на возраст од 3-6 години, во предучилишно образование, каде се вработени и 19 негователки ромки како дел од проектот.

Од Министерството наведуваат дека со цел поголема инклузија на децата роми во предучилишно образование од јануари 2019 година, МТСП вклучувањето на децата Роми во детските градинки по насока на Владата, го реши на системски начин со предлог до советите на општините да ги ослободат од партиципација родителите на овие деца.

Во текот на средбата се дискутираше и за можноста на вклучување на децата Роми во он лајн следење на наставна програма за предучилишно образование во време на КОВИД 19. За овозможување на таа цел РЕФ нуди поддршка со обезбедување на таблети на оние деца Роми кои нема да престојуваат физички во градинките.

Двете страни се согласија дека соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Ромскиот едукативен фонд продолжува и понатаму, со цел поголема вклученост на Ромите во сите сегменти на општественото живеење, со посебен акцент на предучилишниот образовен процес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации