Утрински Весник
Македонија

Шахпаска со холандскиот амбасадор Јан Коп: Холандија е наш партнер во борбата против дискриминацијата и заштита на човековите права

Шахпаска со холандскиот амбасадор Јан Коп: Холандија е наш партнер во борбата против дискриминацијата и заштита на човековите права

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во нашата држава, Дирк Јан Коп.

„ Холандија е голем поддржувач на нашата држава на евроатлантскиот пат и навистина за нас тоа е од големо значење. Соработуваме во многу значајни области како заштита на човековите права, маргинализираните категории на граѓани, правата на ЛГБТ заедницата и воопшто борбата за родова еднаквост и против било каков вид на дискриминација“, истакна Шахпаска.

Таа го посочи новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација кој во моментов е во собраниска процедура, како законско решение кое обезбедува заштита на граѓаните од секаков вид на дискриминација и неговата нужност како дел од позитивното право во нашата држава. Потребата од Комисијата за заштита од дискриминација која како независно тело составено од професионалци во областа на човековите права, би постапувала во насока на заштита на правата на сите граѓани.

„ Борбата за еднаквост и заштита на сите ранливи категории останува наш врвен приоритет. Во таа насока подготвуваме нов закон за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената, кој наскоро треба да влезе во собраниска процедура“, истакна Шахпаска. Таа воедно изрази и благодарност за поддршката кој ја доби нашата држава од Кралството Холандија за спроведување на активности неопходни за успешно спроведување на Истанбулската конвенција во Република Северна Македонија.

Од страна на холандскиот амбасадор Јан Коп беше истакната големата поддршка на земјава во усогласувањето на нашето законодавство со европското , затоа што тоа ќе ја донесе земјата поблиску до европските вредности, но уште позначајно што притоа се обезбедува заштита на човековите права, на правата на граѓаните на Северна Македонија.

На средбата се разговараше и за предизвиците кои ги донесе КОВИД 19 и начините на справување со нив. Во таа насока од страна на министерката беа посочени четирите пакети економска помош од страна на Владата, кои претставуваат помош и поддршка на економијата, компаниите, граѓаните со акцент на најпогодените сектори и категории на граѓани.

Двете страни изразија подготвеност за понатамошна продлабочена соработка во сите области во кои ќе се јави потреба, како и пренесување на искуството од страна на Холандија кое што е од големо значење за нас како држава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија