Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Слепите лица за прв пат добиваат алатка-Аудио читач, за непречено функционирање

Шахпаска: Слепите лица за прв пат добиваат алатка-Аудио читач, за непречено функционирање

Денес на лицата со оштетен вид и на членовите на Националниот сојуз на слепи можам да им соопштам дека Апликацијата Аудио читач е готова и можат да ја користат, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во своето обраќање по повод започнување со употреба на првата мобилна апликација, Аудио читач за слепи лица и лица со оштетен вид.

Шахпаска потенцираше дека со Аудио читачот, слепите лица во државата за прв пат, добиваат функционална, современа и практична алатка која им овозможува поголема независност во нивните активности од секојдневниот живот.

„Аудио читачот на македонски јазик кој е наречен „Кико“, е веќе готов и овозможува пишаниот текст да се слушне и разбере во аудио верзија. Во финална фаза е и Хана – албанската верзија, која наскоро ќе биде достапна и за граѓаните чиј мајчин јазик е албанскиот“, рече Шахпаска.

Министерката информираше дека апликацијата е достапна во мобилна и десктоп верзија креирана согласно современите технолошки трендови. Притоа, потенцираше дека за разлика од досегашните апликации од други земји, кои користеа роботски глас, тешко разбирлив и несоодветен за слепите лица , новиот аудио читач е апликација лесно разбирлива со природен глас, на литературен македонски јазик.

Освен лицата со оштетен вид, апликацијата „Кико“ може да ја користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние кои информациите најдобро ги разбираат во аудио формат.

„Аудио читачот има огромно значење затоа што ќе им го промени животот на најмалку 3000 слепи лица само во нашата држава. Слепите лица ќе бидат подобро информирани, активно ќе бидат вклучени во општественото живеење и најважно од се ќе бидат независни“, посочи Шахпаска.

Пристапот до апликацијата е едноставен. Доволно е да се пристапи на Google Play Store и да се симне апликацијата RHVoice. Откако ќе се инсталира оваа апликација потребно е да се одбере „македонски“ на листата со јазици, веднаш до називот „Кико“, информираа од министерството.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар