Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Продолжуваме со реализација и на правата кои произлегуваат од Законот за јзиците

Шахпаска: Продолжуваме со реализација и на правата кои произлегуваат од Законот за јзиците

Министерката за труд и соцјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со директорот на Агенцијата за примена на јазикот,проф.др.Илмер Села, на која разговаараа за институционалната примена на јазиците согласно Законот за употреба на јазиците за државните институции.

На средбата од страна на директорот на Агенцијата за примена на јазикот беа посочени главните задачи и надлежности од страна на Агенцијата , а тоа се поддршката на институциите во реализирањето на обврските согласно Законот за употреба на јазиците, вклучително и лекторирање и преведување.

Министерката за труд и социјална политика истакна дека Министерството работи во насока на целосна имплементација на Законот за употреба на јазиците и во пракса на институционално ниво, според кој покрај употребата на македонскиот јазик како прв службен јазик е и јазикот кој што го зборуваат 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија.

„Правата на граѓаните кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците се со Закон заштитени, а ние како Министерство кое работи за и во интерес на граѓаните продолжуваме со почитување и реализација на тие права,“ истакна Шахпаска.

Таа воедно посочи дека тоа е долг и сериозен процес на кој што се работи, со исполнувањена крајната цел, испорачување на резултати до граѓаните.
Соговорниците изразија подготвеност за понатамошна соработка во полето на надлежностите на двете институции.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер