Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Позитивното искуство ги натерало семејството Крчови повторно да згрижат дете без родители

Шахпаска: Позитивното искуство ги натерало семејството Крчови повторно да згрижат дете без родители

Денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посети згрижувачкото семејство Крчови, во општина Кавадарци.

„Семејството Крчови го отворија својот дом за момченце од 14 години, кое е дете без родителска грижа. Со ваквиот чин му пружија љубов, грижа и заштита, толку неопходни за развојот на секое едно дете. Во семејството момчето е веќе две години и мило ми е што ги има сите услови кои едно згрижувачко семејство може и треба да му ги даде“, изјави министерката Шахпаска.

Семејството Крчови веќе имаат искуство со згрижување на дете за кое се грижеле три години. Тоа било лице со пречки во психофизичкиот развој. Токму ова претходно позитивно искуство ги поттикнало повторно да ја пружат нивната помош во згрижување на дете.

Министерство за труд и социјална политика ќе продолжи да обезбедува поддршка на децата без родители и родителска грижа и да мотивира да расти бројот на згрижувачки семејства. Згрижувачките семејства се најсовршениот облик за обезбедување на здрава и сигурна средина за раст и развој на децата кои од различни причини останале без родители или родителска грижа.

Во Република Северна Македонија има околу 300 згрижувачки семејства кои се грижат за 500 деца. Неодамна се отворија два Центри за поддршка на згрижувачки семејства во Битола и Скопје, кои што на згрижувачките семејства им нудат стручната помош, обука и поддршка, информираат од министерството.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа