Утрински Весник
Свет

Шарл Мишел денеска доаѓа во Босна и Херцеговина

Мишел доаѓа во Сараево во рамките на посетата на регионот,вчера беше во Србија каде се сретна со претседателот на таа земја Александар Вучиќ, а се очекува да ја посети и Албанија.

Мишел денеска ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ.

„Тие ќе разговараат за патот на БиХ кон ЕУ, 14 клучни приоритети од кои дел се изборните и уставните промени, како и за регионалната стабилност во контекст на променетата геополитичка ситуација. Предвидени се средби со членови на Претседателството на БиХ, како и со партиски лидери“, изјавија за Н1 од Делегацијата на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет би можел да ја искористи оваа посета и за да ја запознае БиХ со идејата за создавање на европска геополитичка заедница која го вклучува Балканот. Тоа го повика претходно при неговото обраќање на седницата на Европскиот економски комитет.

Последниве денови се зборуваше дека Мишел треба да издаде „заедничка изјава“ подготвена од европски претставници, потпишана од политичките лидери за продолжување на изборните реформи по изборите во октомври, пренесе Н1.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови