Утрински Весник
Сцена

Шарлиз Терон го нападна „дебелиот“ Стивен Сегал кој не е многу фин со жените

Шарлиз Терон и Хелен Мирен ќе ги повторат улогите во „Брзи и бесни 9“

Лос Анџелес, 25 јуни 2020 (/) – Шарлиз Терон смета дека ѕвездата од американските акциони филмови, Стивен Сегал е „неверојатно тежок“ – телесно, и оти не е вистински мајстор за боречки вештини.

Во радиоемисијата на Хауард Стерн, прашана како таа се подготвува за нејзините акциони улоги, јужноафриканската глумица рече дека, меѓу другото, гледа борби на интернет.

– И така, ќе наидам на видео како Стивен Сегал „се тепа“ во Јапонија. Всушност, се преправа. Тој е неверојатно тежок и, само ги турка луѓето. Поради неговата огромна телесна тежина, тој не ни може да се тепа. Мислам, смешно е. Ги турка луѓето внесувајќи им се в лице. Очигледна местенка!, нагласи Терон.

Јавувач љубител на Сегал жестоко негодуваше на тоа, па Терон му одговори и нему.

– Не, немам проблем да ги говорам овие г**нарии за него, зашто тој не е многу фин ни со жените, па еб* се и ти!, рече таа во етерот.

Терон тука веројатно мислеше на обвинувањата на британската глумица Рејчел Грант која неодамна тврдеше дека на една аудиција тој ја зграпчил и почнал да се соблекува. Сегал тогаш ги отфрли обвинувањата за сексуален напад.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка