Утрински Весник
Магазин

Шакира ги продаде правата на сите свои песни

Шакира ги продаде правата на сите свои песни

Шакира стана уште една во низата пејачи и музичари кои ги продадоа правата на својата музика за милиони долари.

Сите нејзини песни, вклучувајќи ги хитовите „Whenever, Whenever“ и „She Wolf“, се вклучени во продажбата на авторските права.

Песните ја направија најпродаваната латинска изведувачка на сите времиња, со продадени 80 милиони албуми ширум светот.

Продажбата е склучена со инвестициската компанија Hypnosis Song Fund, која неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Од ластик и плочка на улица до модерни игротеки – како се менува детството низ генерациите

Најтешките знаци за соживот – живеењето со нив е постојана борба

Почина Доли Партон – 24info.mk