Утрински Весник
Македонија

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

Чулев: Владата да не се меша во ингеренциите и независноста на МВР

 

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности“.

-По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден, напиша Чулев на Фејсбук.

Засега не се соопштува за каква дрога се работи и за колкаво количество, а според објавите во некои медиуми станува збор за голема пратка кокаин што наводно требало да се транспортира во Словенија.  хс/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН носи промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

Денеска решение за формирање комисија за надзор над случајот со детето од Кавадарци

Меѓународен ден на архивите – 9 јуни