Утрински Весник
Македонија

Чулев од Битола:Има најави дека од 7 до 10 дена ќе пристигне пратка со патни исправи

Чулев од Битола:Има најави дека од 7 до 10 дена ќе пристигне пратка со патни исправи

Битола, 27 февруари 2020 (МИА) – На подрачјето на СВР-Битола има подобрување во процентот на откриени кривични дела освен во делот на опожарени возила кои се на територијата на ОВР-Прилеп и кои не се резултат на организирана група, е информацијата што ја добил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од СВР Битола, каде во рамки на работната посета беше брифиран за состојбите со криминалитетот и процентот на откриени кривични.

– Дадов насоки за преземање поинтензивни активности на терен, а со цел превенција и спречување на овој вид кривични дела, изјави министерот Чулев.

На средбата во СВР Битола се разговарало и за подготовките околу претстојните парламентарни избори, за што се дадени насоки за преземање широк спектар мерки за спречување на изборни нерегуларности на подрачјето на СВР-Битола. Посебен акцент, нагласи Чулев, бил ставен на поткупот на социјално ранливи категории граѓани, ромската популација, агитација на ден на избори или групно гласање, а се со цел да има фер и демократски изборен процес.

Министерот Чулев информира дека ситуацијата со патните исправи ќе се стабилизира и се очекува порано од 24 март да пристигне првата пратка со патни исправи.

– Имаме најави за 7 до 10 дена да пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира, изјави Чулев.

Во однос на корона-вирусот, на прес – конференцијата во Битола беше информирано дека МВР има преземено активности и во тие рамки  граничната полиција дели печатен материјал со информации поврзани со мерките кои се преземаат за заштита од корона-вирус, а на вработените им се дадени заштитни маски и ракавици.

– Ќе спроведеме итна јавна набавка за заштитна опрема и дезинфекциони средства за сите вработени во МВР да бидат соодветни заштитени. Инаку во овој момент МВР е ангажирано за 24 часовно обезбедување на еден објект во Скопје и 4 објекти во Струмица каде согласно насоките од Министерството за здравство, лицата кои живеат во тие објекти се во карантин, потврди Чулев. мт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”