Утрински Весник
Македонија

Чулев: Државите да не ги повлекуваат полицајците кои патролираат на јужната граница, безбедносниот ризик од мигрантите постои

Чулев: Државите да не ги повлекуваат полицајците кои патролираат на јужната граница, безбедносниот ризик од мигрантите постои

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оценува дека безбедносниот ризик од мигрантите постои и апелира до државите кои имаат свои припадници на нашата јужна граница да не ги повлекуваат.

-Безбедносниот ризик од мигрнтите стои и понатаму. На јужната граница имаме 130 припадници на други држави, од кои 10 повлече Србија и сега остануваат 120. Апелирам до сите држави да не ги повлекуваат полицајците кои патролираат на јужната граница, изјави Чулев одговорајќи на новинарско прашање.

Тој соопшти дека Србија ги повлекла полицајците и од пунктовите каде имаме заедничка контрола на границата.

Во одговор на новинарско прашање во врска со враќање на лицата од крузер, а кое е организирано преку Србија, рече дека станува збор за седум лица од кои едно лице е задржано во Белград,  а од шесте лица двајца се албански државјани и се упатени кон Албанија, а четворица наши државјани и се задржани на Инфективната клиника.

Апелираше до нашите граѓани во странство воопшто да не се обидуваат да доаѓаат во земјава бидејќи, како што рече, може да бидат заглавени на граничните премини и да придонесат за ширење на заразата.

-Апелирам да останат таму каде што се, рече Чулев.

Информираше дека во периодот од 16 март во 12 часот до денеска во државата се влезени  2.019 лице, а излегле 11.331 лице. скс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година