Утрински Весник
Македонија

Чулев: Во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса

Чулев со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките на Владата и да се воздржат од патувања

 

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на домашна адреса на граѓаните.

Ваквата можност нема да важи за пасошите бидејќи за нив при подигањето на документот е потребно е да се остави отпечаток од прст.

– В понеделник ќе го смениме правилникот при што во оние ситуации кога тоа е неопходно ќе се остави можност личните документи, односно личните карти и возачките дозволи, да може да се доставуваат од страна на полициски службеници на домашните адреси. За патните исправи не постои техничка можност бидејќи мора да се земе повторно отпечаток од прст, рече Чулев, одговарајќи на новинарска прашања на прес-конференција.

Додаде дека дадени се конкретни упатства до Одделот за управни работи како да се однесуваат во ситуација со коронавирусот односно да се почитува соодветното растојание кога граѓаните поднесуваат барања за документи. Дадени се и конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде на граѓаните им се зема отпечаток од прст.

Чулев информира и дека на ниво на Влада се разговара и за можноста во следниот период да им се дозволи на сопствениците на миленици кои живеат во колективните станбени објекти да ги изнесуваат милениците на одредено растојание од објектите. бак/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните