Утрински Весник
Македонија

Чулев: Бездомните лица ќе се згрижат во пунктот на „Момин поток“

Чулев: Бездомните лица ќе се згрижат во пунктот на „Момин поток“

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се постапува со бездомните лица заради воведениот полициски час, на денешната прес-конференција наведе дека тие ќе бидат згрижени во пунктот „Момин поток“, што е менаџиран од страна на Црвен крст.

– Во моментот има само пет лица кои се наоѓаат на Деве баир, кои што се дојдени пред час и половина и сега веќе треба да се сместени во соодветен државен карантин. Во однос на лица кои од 22 март од 7:00 часот до 23 март до 7:00 часот излегне надвор од границите на нашата држава, а се македонски државјани, се двајца на Табановце и седуммина на меѓународниот аеродром во Скопје, преку хуманитарен конвој и тие потпишаа изјава дека нема да се вратат во земјава во рок од 90 дена, одговори Чулев во однос на тоа колку лица влегле и излегле од државата.

Околу тоа колку возила се регистрирани на влез и излез од нашата држава, Чулев изјави дека на влез и излез во нашата држава регистрирани се 1.044 странски товарни возила и 853 македонски товарни возила, од кои на влез 585 товарни возила, од кои во седум возила се регистрирани по двајца возачи, а 22 странски возила се управувани од македонски државјани.

– На влез во Македонија се регистрирани 356 македонски товарни возила, од кои што во четири возила се регистирани по двајца возачи, а 11 македонски товарни возила се управувани од странски возачи, на излез се регистрирани 459 странски товарни возила и 497 македонски товарни возила, рече министерот.

Тој наведе дека веќе има едно лице кое имало решение за здравствен надзор, меѓутоа и покрај решението не ја почитувало одлуката на Владата и решението, истото покрај поднесена кривична пријава е спроведено во државен карантин.

На прашањето дали МВР има емаил или број на кој луѓето можат да пријават лажни информации во врска со корона вирусот, Чулев одговори дека тоа е емаилот на Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика.

– МВР, преку Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика има поднесено 15 пријави до ОЈО, посочи Чулев.

Околу тоа дали МВР има доволен човечки капацитети да ја контролира вонредната состојба и полицискиот час или се потребни повеќе ресурси како материјални, така и човечки, дали се размислива за целосно ангажирање, односно овластување на полицајците приправници кои се при крај на нивното стажирање, Чулев посочи дека МВР во моментов има зголемен број задачи за што Владата донела соодветна уредба за ангажирање на Армијата, при што на Армијата со уредбата и се дадени полициски овластувања.

– Ни беше кажано дека полициските приправници имаат поминато еден поголем дел од обуката и дека се обучени да им асистираат на колегите во делот на реализирање на полесните задачи. Во моментот се разгледува таа можност, исто така се разгледува и правната основа за нивно евентулано ангажирање, наведе министерот.

Чулев, во однос на тоа колку контроли се направени во објекти, информираше дека досега МВР има направено 1674 контроли на објекти, кои согласно одлуките на Владата не смеат да работат, при што констатирано се непочитувања на одлуката на Владата и поднесени се 18 кривични пријави.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства