Кога ќе си најдеш некои работи низ дома и се мислиш како да ги соединиш, бомбици се секогаш добар избор? Изматете ја хоплата и додадете го еурокремот. Јас имав чоколадни наполитанки со вкус на портокал, ги искршив и додадов и мелени ореви, а вие можете и со обични наполитанки, и наместо ореви може лешници, бадеми, кикирики. Убаво измешајте ја смесата и оставете ја кратко во фрижидер. Доколку ви е мека додадете уште наполитанки или мелени бисквити. Откако ги оформив бомбиците ги извалкав во чоколадни мрвици и тоа е тоа?
View this post on Instagram