Утрински Весник
Свет

Човек со молотов коктел се обидел да провали во резиденцијата на Макрон

Човек со молотов коктел се обидел да провали во резиденцијата на Макрон

Три лица се уапсени во Париз во четвртокот откако едно од нив се обидело да се прекачи преку портите на резиденцијата на претседателот Емануел Макрон, носејќи шише запалива течност за кое се вели дела било молотов коктел, пренесува „Фигаро“.

Инцидентот во Елисејската палата се случил попладнето. Група од двајца мажи и една жена биле уапсени откако едниот од нив се обидел да влезе во претседателската резиденција, а двајцата други го снимале неговиот обид.

Натрапникот, кој имал 30-тина години, наводно имал шише запалива течност  и парче ткаенина, кое го запалиле пред да почне да се качува на портите на палатата.

Не е јасно дали молотовиот коктел бил фрлен за време на потфатот, но полицијата го обвини триото за обид за насилство со употреба на оружје, изјави извор за „Фигаро“. Осомничениот, наводно, тврдел дека е уметник и негирал дека имал насилни намери.

Можете да прочитате

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот