Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Чичарито: Не е за да верување дека мене ми плаќаат толку многу, а лекарите не земаат ништо

Чичарито пред враќање во татковината
300x250 opst2

Лос Анџелес, 11 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Л.А. Галакси, Хавиер Хернандез – Чичарито не го крие своето изненадување што огромни плати се плаќаат во фудбалот, а тоа не е случај во медицината.

– Не е за верување дека толку многу ме плаќаат мене за да играм фудбал, а лекарите и научниците кои бараат лек за болест што го парализира светот не земаат ништо. Јас зборувам од економска гледна точка. За мене, Сара и Ноа, оваа изолација многу влијаеше врз нас, бидејќи во последните месеци летавме од лево кон десно (од Севиља во Лос Анџелес). Во изолација, се чувствувам како да правам нешто за да помогнам на луѓето, на светот. Да, ми недостасува фудбал, ми недостасуваат тренинзите, но се прилагодувам, рече Мексиканецот во интервју за „МедиоТемпо“ .

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа