Утрински Весник
Македонија

Чистење и уредување на кејот на река Вардар

Екипи на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје, изминатиов период активно работат на чистење на косините и коритото реката Вардар, како и на санацијата на постоечките елементи кои се оштетени а се од големо значење за нормално функционирање на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Како дел од тековните активности на ЈП Улици и патишта се одвива рачното чистење со тримери на косините, односно косењето на обраснатата нискостеблеста вегетација, како и машинското чистење на покрупната вегетација и наталожен мил од коритото на реката. Во овој период чистењето се одвиваше во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни, како и машинско расчистување на косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина.

Како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имаше оштетени бехатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и на оградата на мостот. Санирани се исто така и скалилата спроти Канал 5 ТВ, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, како и оградата на трибината на одбојкарското игралиште.

Екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат и во наредните денови по налог на Град Скопје да ги извршуваат активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар.

Можете да прочитате

Во „Пулс“ било како во крематориум, сведочеше патологот Станков

Осум лица нападнале четиричлено семејство во Центар

Од утре повисоки цени на бензините и дизелот