Утрински Весник
Спорт

Чилиќ: Тенисот е еден од последните спортови што ќе се врати во нормала

Чилиќ го запиша своето име во историјата на тенисот
Dik 300x250 mk

Чилиќ: Тенисот е еден од последните спортови што ќе се врати во нормала

Загреб, 18 април 2020 (МИА) – Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ смета дека неговиот спорт ќе биде еден од последните што ќе се опорави од пандемијата на коронавирус.

Во интервју за американската телевизиска компанија Си-Ен-Ен, тој истакна дека нормализирање на состојбата во тенисот не треба да се очекува до крајот на годината.

-Се сомневам дека големите турнири во САД може да се организираат оваа година“, рече Чилиќ. – Тенисот е еден од најпопуларните спортови во светот. Поврзано е со чести патувања низ целиот свет, со голем број контакти, со масовна гужва на обожаватели. Затоа, тенисот е еден од последните спортови што се врати во нормала, потенцира Чилиќ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата