Претседателот на Чешка, Милош Земан, паднал и ја скршил раката по што бил пренесен во болница, јавија чешките медиуми.
75-годишниот претседател ја скршил десната рака и бил опериран во чешката воена болница, изјави неговиот портпарол Јири Овчачек во вторникот вечерта.
Повредата не е опасна, а Земан е во контакт со семејството и неговите помошници, но ќе треба да го намали обемот на работа во текот на следниот период на опоравување.
Земан е претседател од 2013 година. На почетокот од 2018 година тој беше избран на втор петгодишен мандат со 51,4 проценти од гласовите.
Поранешниот социјалдемократ претходно беше чешки премиер од 1998 до 2002 година.
За време на европската бегалска криза, Земан беше противник на имиграцијата и критичар на исламот. Во својата надворешна политика, одржува пријателски односи со Русија и Кина.