Утрински Весник
Македонија

Чешка испраќа милион маски за С.Македонија

Објавен јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Воен авион со донација од Чешката Република денеска треба да слета на Скопскиот аеродром.

Секретаријатот за европски прашања информира дека воениот авион со помош за Северна Македонија вчера полетал од Прага, но поради технички причини не слетал во Скопје, по што повторно се вратил во Чешка.

Вицепремиерот Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, се очекува да ја пречека донацијата – помош за справување со КОВИД – 19 од Република Чешка, што се состои од еден милион маски. дма/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

10 милиони денари за ревитализација на Велешко езеро

Основното јавно обвинителство Битола доби истражен центар кој треба значително да ги зајакне истражните капацитети натоа јавно обвинителство.