Утрински Весник
Свет

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително да ја ограничи работата на продавниците за малопродажба.

„Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро“, рече министерот за здравство Роман Примула по состанокот на владата, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.

Малопродавниците, кои продолжуваат да работат според сегашните ограничувања, мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките, пренесува Ројтерс.

Воведени се построги мерки заради сериозно влошување на епидемиолошката состојба. Чешката Република викендот објави дека има 12.472 нови случаи на коронавирус, а 106 лица починаа како резултат на инфекција со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран порача до ЕУ доколку не можат сами, тие ќе им помогнат да го заштитат Гренланд

Две згради се урнаа утрово во Истанбул

Нетанјаху ја повика Европа во борбата против Иран