Утрински Весник
Спорт

Чех со рекордно фрлање освои злато во Јуџин

Репрезентативецот на Словенија во фрлање диск Кристјан Чех го освои златниот медал на Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин, САД. Атлетичарот од Птуј на пат кон титулата постави нов рекорд на светските првенства, дискот го фрли на далечина од 71 метар и 13 сантиметри.

dobivaj vesti na viber

Ова е само втор златен медал на СП за Словенија, вкупно шести од 18 учества. Претходно Примож Козмус освои злато за оваа земја во фрлање кладиво во 2009 година во Берлин.

Покрај Чех медали во оваа дисциплина освоија Литванците, Миколас Алекна со 69,27 и Андријус Гуџијус со фрлање од 67,55 метри.

Чехот зад себе имаше одлична година – ниже победи во Дијамантската лига, а за многу стручњаци беше главен фаворит пред почетокот на натпреварувањето во Орегон.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила