Утрински Весник
Македонија

Суспендиран возачот кој нападна патник во автобус

ЈСП го суспендира возачот кој нападна патник во автобус на линија 24.

dobivaj vesti na viber

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека веднаш презеле мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.

Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место, велат од ЈСП.

Претходно полицијата соопшти дека возачот на автобус на ЈСП нападнал патник, а според информациите, на настанот претходело недоразбирање.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Можете да прочитате

ДУИ: За Шасивари единствен правен јазик е македонскиот јазик

Возела 142 км/ч на место каде максимално е дозволено 50 км/ч, приведена жена од ресенско

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО