Утрински Весник
Спорт

Чеферин: Има уште една опција за ЛШ и ЛЕ

УЕФА во одбрана на одлуката за финалето во Баку

Нион, 20 април 2020 (МИА) – Плановите за продолжување на сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа веќе се појавија во медиумите, со специфични датуми за натпреварите.

Идејата е овие натпревари да се одржат во август, откако претходно ќе завршат националните првенства.

Сепак, според претседателот на Европската фудбалска централа (УЕФА), Александар Чеферин, постои друга опција.

– Се зависи од тоа кога ќе продолжат националните првенства. Ако тоа се случи доволно брзо, тогаш е можно средбите од ЛШ и ЛЕ да се играат паралелно, објасни Словенецот во интервју за „Кориере дела Сера“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот