Утрински Весник
Свет

Четири повредени во пожар кој избувнал во рафинеријата „Ексонмобил“ во Тексас

Четири повредени во пожар кој избувнал во рафинеријата „Ексонмобил“ во Тексас

Четири лица се повредени во пожар што избувна по несреќата во рафинеријата „Ексонмобил“ во близина на Хјустон во американската сојузна држава Тексас.

Окружниот шериф Ед Гонзалес изјавил дека дошло до „голема индустриска несреќа“ во фабриката што го предизвикала пожарот. Како што наведе тој, според прелиминарните извештаи, имало „некаков вид на експлозија“ во фабриката, пренесува ЦБС.

Од рафинеријата преку соопштение истакнаа дека противпожарните екипи на компанијата работат на гаснење на пожарот и се обидуваат да ја откријат судбината на сите кои во моментот на несреќата биле на местото на настанот.

Можете да прочитате

 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во Сирија

Руски напад врз Киев, делови од градот без струја и греење

Цените на златото постојано растат