Утрински Весник
Македонија

Четири кривични пријави за непочитување на полицискиот час во Прилеп, во изолација се 251 лице

Во Прилеп четири кривични пријави за непочитување на полицискиот час

Прилеп, 31 март 2020 (МИА) – Во Прилеп се зголеми бројот на граѓани во изолација што во моментов не се прекршува, но ги има оние кои не го почитувале полицискиот час. Според најновите информации во Прилеп, во изолација се 251 лице кои ја почитуваат мерката и се 13 повеќе од последните два дена. Со најновиот случај на заболен од коронавирус кој вчера е констатиран, вкупната бројка во Прилеп е девет лица.

Поради непочитувањето на полицискиот час синоќа до изутрината, четворица прилепчани „заработија“ кривични пријави.

Прилеп ги засили мерките за заштита, континуирано се дезинфицираат јавните површини, улиците, па и во населените места и се ставени автоматски прскачи на дезинфекциски средства на четирите влеза во градот. ем/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утрово нема задржувања на граничните премини

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување