Утрински Весник
Свет

Четиринаесет годишно девојче почина за време на породување во црква во Зимбабве

Четиринаесет годишно девојче почина за време на породување  во црква во Зимбабве
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата во Зимбабве ја истражува смртта на 14-годишно девојче за време на породувањето, случај што наиде на жестока осуда од граѓаните и активистите за човекови права, објави Би-Би-Си.

Меморија Мачаја почина на 15 јули додека се породи во црква во источниот регион Маранж. Случајот како што пишуваат медиумите само ја откри експлоатацијата на малолетниците, бидејќи девојката наводно морала да го напушти училиштето и да се омажи.

ОН ја повикаа владата на Зимбабве бракот со деца да го прогласи за кривично дело и да ја прекине таквата пракса. Отворена е и петиција преку Интернет, со која се бара правда за починатото девојче, а досега ја потпишале околу 57.000 луѓе.

Новороденчето преживеало и е добро, велат од нејзиното семејство, пренесуваат агенциите.

Некои семејства гледаат финансиска корист во детските бракови, а девојчињата често се надеваат дека бракот ќе им овозможи да одат на училиште, но наскоро завршуваат бремени и преоптоварени со домашни обврски.

Можете да прочитате

ЕУ ќе мора амбициозно да работи на проширувањето во 2026, ако сака прием на нови членки според планираното

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина