Утрински Весник
Македонија

Четириесет лица не го почитувале полицискиот час, на 70 им се издадени решенија за изолација поради Ковид-19

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти полицијата.

Во истиот период на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман